Анастасија запросена во Париз: По настапот ја чекал букет, вака изреагирала

popara14 март, 20221min00
1303intervju-830x0

-Висок, згоден и млад, убаво облечен, со огромен букет рози, ја слушаше и ја гледаше Анастасија како фасцинирана – рекол изворот.

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ ги воодушеви сите со својот прв настап, кој беше во Париз, каде на крајот наводно била запросена.

На настапот на Анастасија, сите погледи ги привлече згодниот млад човек со огромен букет цвеќе, кој, како што се наведува, внимателно го следел секој нејзин чекор.

-Висок, згоден и млад, убаво облечен, со огромен букет рози, ја слушаше и фасцинирана ја гледаше Анастасија. Кога заврши настапот, ја пречекаа обожаватели кои сакаа да се фотографираат со неа, а таа трпеливо делеше автограми и се фотографираше со сите. И младиот човек со букетот беше во редот – рекол изворот.

-Изгледаше дека само ќе и го подаде цвеќето и ќе се фотографира со неа, но кога дојде редот ја бакна нејзината рака, се претстави и ја запроси. Тој ѝ рекол дека е воодушевен од неа, нејзиниот лик, дело, дека долго време ја следи низ медиумите и дека би сакал да го помине остатокот од животот со неа – додал изворот.

Присутните биле малку шокирани, како што се наведува, но младата поп ѕвезда не дозволила да биде збунета или исплашена, па на некој начин ја прифатила оваа игра.

– Анастасија само се насмеа, го зеде букетот и се заблагодари за понудата, додаде дека не е подготвена за брак и дека сега е фокусирана само на кариерата. Се фотографираше со шармантниот млад човек и се разделија во добро расположение – изјавил извор за Ало.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ неодамна ја прекина врската со Џорџе Куљиќ, која траеше цели 5 години и сега е повторно слободна. По раскинувањето, Анастасија се иселила од станот во кој живееја заедно и се вратила во вилата на семејството Ражнатовиќ на Дедиње. И покрај раскинувањето, тие двајца останаа пријатели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma