Севе позираше во необична комбинација на спортска јакна и фустан со светки, а стајлингот го зачини со бушави чевли.
Хрватската пејачка Северина објави нова фотографија на својот Инстаграм, а посебно внимание привлекоа необичните чевли кои ги носеше.
Севе позираше во необична комбинација на спортска јакна и фустан со светки, а стајлингот го зачини со бушави чевли.
Северина очигледно ги сака „Marni“ штиклите кои чинат 990 евра, бидејќи неколку пати ги носеше во јавност и покрај тоа што секој пат предизвикува лавина негативни коментари.
„Дали ги позајми од мајка ти?“, „Како чевлите на Мини Маус“, „Изгледаш смешно“, гласеа некои од коментарите под фотографијата
Потпетиците привлекоа внимание и на крајот на минатата година, кога Севе ги искомбинира со црн фустан и темни чорапи.