Манекенката позираше пред огледало
Софија Милошевиќ се породи по втор пат во Мадрид, а таа и Лука Јовиќ добија уште еден син, кој го нарекоа Теодор. Манекенката во неделата на 28-ми март доцна во вечерните часови во Мадрид го роди вториот син и се помина во најдобар ред.
Откако се огласи со првата фотографија од породилиште на Инстаграм каде позира со малиот Теодор, манекенката сподели „селфи“ од тоалетот, а со својот изглед ги изненади сите.
Таа позираше во шорцеви и топ, а никој не може да го тргне погледот од нејзиниот рамен стомак. Нема сомнеж дека и овојпат Софија брзо ќе си ја врати линијата, а под фотографијата и се заблагодари на мајка си.
„Ти благодарам, мамо“, напиша таа.
По породувањето за домашните медиуми изјавила:
-Се уште доаѓаме на себе, но најважно е јас и бебето сме добро и се помина во најдобар ред. Јас и Лука сме пресреќни што родив уште едно прекрасно и здраво момче и што по втор пат се реализирав во улогата на мајка. Не успевам да одговорам на сите пораки и честитки, се трудам да уживам во моментот, но благодарна сум за поддршката што ја добивме – изјавила манекенката за „Информер“.