БАЛКАНСКАТА ФОЛК ДИВА ВЕЛИ ДЕКА Е ГОЛЕМ РАБОТНИК: Работам од мојата 10-та година

popara1 мај, 20221min00
Screenshot_4

Цеца Ражнатовиќ вели дека заработува од својата десетта година и дека никогаш нема да се пензионира!

 

Фолк ѕвездата изјави дека нема обичај да го слави Денот на трудот, па и оваа година ќе го помине денот како и сите останати. Со неа ќе биде најмладиот член на семејството Ражнатовиќ.

 

– Не славам ништо друго освен крштевка и роденден. Од мала заработувам од музика, но не го славам празникот на трудот и не одам на скара. Веројатно тој ден ќе го поминам со внукот, најубаво си поминувам со него – вели Цеца на почетокот на разговорот и се сеќава на своите почетоци:

 

– Првиот динар го заработив на само десет години. Пеев на забава во мојот роден град, во Житораѓа. Штом го зедов микрофонот, почнав да заработувам. Не беа големи пари, но за мене беа големи како куќа. Се разбира, хонорарот им го префрлив на моите родители.

 

Цветак зановетак

 

Цеца пееше во наредните пет години, а потоа на 15 години го сними својот прв албум „Цветак зановетак“.

 

– На 13 години пеев во хотел на црногорското приморје. Таму беше и хармоникашот Мирко Кодиќ, кој ме забележа. Бидејќи му се допаднав, тој се понуди да ми помогне да ја издадам првата плоча, која излезе во 1988 година. Останатото е историја…

 

Фрчат понуди на сите страни

Од тој момент, нејзината кариера тргна во нагорна патека. Понудите за настап се слеваа од сите страни, а Цеца толку се трудеше што по три години си обезбеди покрив над главата.

 

– На 18 години го купив мојот прв стан. Работев напорно за да се грижам за себе и за моето семејство. Имам среќа да го работам тоа што го сакам, па и напорните патувања не ми паѓаат тешко, бидејќи публиката ми дава неверојатна енергија. Мислам дека ќе пеам додека можам. Не планирам да се пензионирам, барем не официјално – завршува приказната на Ражнатовиќ.

 

Снима нов албум

Цеца Ражнатовиќ ќе ја воодушеви публиката со нов албум. Пејачката своето последно ЦД „Автограм“ го издаде во 2016 година, па нејзините фанови со нетрпение ги очекуваат новите песни. Таа долго време ги избира песните кои ќе се најдат на албумот, бидејќи сака да ја надмине популарноста на песните од претходното ЦД.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma