Секој слободен момент го поминува со неа!
Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најубавите дами од балканската музичка сцена! Иако направи неколку естетски зафати, таа го задржи сосема природниот изглед. Ја краси посебна харизма, а со насмевката разоружува.
Потекнува од медицинско семејство – таткото Нусрет бил кардиолог, а мајката Сенија е педијатар. Емина го изгубила својот татко на само 13 години, а многу е врзана за мајка си, па секој слободен момент во Србија го поминува со неа! Исто така, мајка и често ја посетува во Турција.
Сопственичката на бројни хитови, кои сама ги креирала, неодоливо потсетува на мајка си, а со тоа се сложија и нејзините бројни следбеници! Сега е јасно на кого ја наследила убавината, а вие што мислите?