Цеца на една белградска прослава се појави во долг фустан со голи рамена
Светлана Цеца Ражнатовиќ долги години плени на музичката сцена со нејзината музика, но и стилот на облекување кој привлекува големо медиумско внимание.
Со секое нејзино појавување сите погледи на јавноста се вперени во неа. Така беше и на денешната прослава каде Цеца се појави во долг црно-бел фустан, со ремен околу половината.
Горниот дел од фустанот и паѓаше на рамениците, па Цеца реши целиот аутфит да го комплетира со долги кружни обетки кои допринесоа за целокупниот впечаток и направија Цеца да изгледа елегантно и покрај едноставниот фустан.
Таа одговараше на прашањата на новинарите и во таа прилика никогаш не ги симна големите црни очила кои и беа на лицето.
Како што има направено многу пати досега, Цеца ја подигна косата во високо опавче, што на целата комбинација и даде младешка нота.