Стајлингот на пејачката Анастасија Ражнатовиќ ги маѓепса сите присутни, еве што облече на забавата по повод нејзиниот роденден
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го прослави својот 24-ти роденден.
Многубројните гости придонесоа за невидената атмосфера на гала забавата што ја организираше пејачката, но најголем впечаток остави стајлингот на убавата славеничка, кој сите ги остави без здив.
Имено, пејачката за оваа пригода избра црн краток фустан без ракави со црни долги ракавици, а се искомбинира со розови салонки.
Пејачката со својот изглед ги засени сите присутни, а насмевката не ја симна од лицето.