НЕМАЊА ЌЕ ЈА ЗАПРОСИ НА ИБИЦА? Се појавија детали, Гудељ ќе ја запроси Анастасија

popara28 мај, 20221min00
Screenshot_3

Сè е откриено

 

 

Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од тоа каков тип избрала нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, но наводно ја советувала уште да не се мажи „бидејќи е премлада“.

 

 

– Таса постојано зборува за Немања! Само што се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторник со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка ѝ подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:

 

– Сѐ беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24-ти роденден – рекол изворот.

 

Самата Анастасија очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на ладен туш!

 

– Не е паметно да се мажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден грд збор за него, но не брзајте со бракот. Треба прво да изградите кариера, а како ќе успееш ако живеете во Шпанија?! Имај го ќерко твоето парче леб и бракот нема да ти избега – открива изворот што ѝ рекла Цеца на ќерка си.

 

Дека Ражнатовиќ не би сакала наскоро да има зет, потврди и нејзината пријателка Марија Шерифовиќ која била на роденденската забава на Таса.

 

– Цеца не би сакала Таса да се мажи, ми го кажа тоа! Ми се чини дека Анастасија навистина би сакала да се омажи за Немања, но Цеца смета дека нејзината ќерка е уште млада за тоа – изјавила Марија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma