Љубовта цвета
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во љубовта и го користат секој момент да бидат заедно.
Откако Анастасија ја призна врската со фудбалерот на Севиља, медиумите го следат секој нивни чекор. Ќерката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна го прослави својот роденден во еден белградски ресторан, каде на прославата присуствуваше и нејзиниот сегашен избраник Немања Гудељ.
Колку се заљубени покажа нивниот однос за време на прославата на Анастасија, но и фотографијата од ноќното излегување на која се гледа колку се среќни и заљубени. Младиот фудбалер не ја испушта својата избраничка, а се чини дека таа толку многу ужива во неговото внимание, бидејќи не ја симнува насмевка од лицето.