ЕДИТА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД БОЛНИЦА! Пејачката штотуку излезе од операционата сала, откри што преживеала!

popara15 јуни, 20221min00
578534_edita-aradinovic-operacija_f

Пејачката Едита Арадиновиќ беше оперирана во Клиничкиот центар на Србија, а сега објави фотографија и ги откри деталите од зафатот

Едита долго време имала проблеми со гласните жици, па решила да се оперира и на изненадување на сите избрала хирург во Клиничкиот центар на Србија, а не во приватна болница.

Како што признава, Арадиновиќ на операцијата дошла по регуларен пат, па чекала ред и немала „врски“:

– Целиот персонал е одличен и ако сум под стрес морам да признаам дека се чувствувам пријатно. Не дојдов преку врски, чекав ред како и сите други. Знаете колку може да биде непријатно во државна болница, особено кога немате „врски“, но овојпат не беше така – напиша Едита и ја пофали државната институција.

– Немам страв! Витни Хјустон наскоро се враќа – изјавила пејачката непосредно пред операцијата, а објавила и фотографија на која позира насмеана и безгрижна.

А по интервенцијата, Едита сподели уште една фотографија со фановите и им се заблагодари за поддршката.

„Ви благодарам луѓе, што би правела без вас“, рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma