Поминаа 15 години откако почина, а таа се уште чува спомен од него: Како изгледа денес ДЕВОЈКАТА на Тоше Проески?

popara10 јули, 20221min00
307483_profimedia0022905731_ff

Македонскиот пејач Тоше Проески загина пред 15 години во страшна сообраќајна несреќа, која се случила кога се враќал од настап.

Тој трагичен ден добро го паметат сите што сакаа да ги слушаат неговите песни, сите што беа блиски до него, а најголемата трага на тага остана за неговата тогашна девојка и придружничка Андријана Будимир.

Таа тагуваше по него со години, а многу вода течеше по реката додека не одлучи дека е време да продолжи понатаму.

По неговата смрт таа целосно се повлече од очите на јавноста, сама ја носеше својата болка, товарот на тагата ја тежеше со години.

Шест години подоцна, во 2013 година, се омажи за угостител од Скопје, со кој го има синот Максим.

Адријана е горда мајка, живее скромно, а еве како изгледа.

Андријана беше во врска со Тоше Проески од 2001 до 2004 година, а три години подоцна, на неговиот роденден, повторно ја обновија врската.

Хитовите што ги пее маестралниот Тоше Проески и денес се слушаат, а многумина се уште со задоволство се сеќаваат на него.

Иако прерано му беше отсечен млад живот, тој 15 години живее низ музиката што ја создаде и ќе живее се додека има такви кои се радуваат кога ќе го слушнат неговиот ангелски глас од ТВ и радио приемници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag