Светлана Цеца Ражнатовиќ е убедливо најплатената пејачка ова лето.
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ вечерва и утре требаше да настапи со својата ќерка Анастасија Ражнатовиќ во Струмица и Будва во Црна Гора, но поради здравствени проблеми најголемата балканска ѕвезда мораше да ги откаже настапите.
Цеца се огласи на својот Инстаграм профил.
– Почитувана публико од Струмица и Будва, мораме да ги откажеме настапите закажани за вечерва и утре. Ниту јас, ниту Анастасија не можеме да настапиме, бидејќи за жал и двете сме заразени со истиот вирус.
– Ви благодариме на разбирањето, а за новите датуми на нашите концерти ќе ве информираме подоцна. Чувајте се, ве бакнуваме и сакаме – напиша Цеца на Инстаграм.
Инаку, како што објавија медиумите, Светлана Цеца Ражнатовиќ е убедливо најплатената пејачка ова лето, а се шпекулира дека за само една летна сезона ќе заработи дури половина милион евра.