Актерскиот пар откри дека оваа година, одморот, по многу нешта се разликува од другите, иако се уште го немаат претставено својот син во јавноста.
Александра објавува фотографии на кои Андрија е покриен со чанти за на плажа и гумени реквизити за синот, со кофички за играње во песок и така, секојдневно пешачи од хотелот до плажата.
И Андрија се пошегува самиот со себе, како што и обично прави.
- „Јас сум татко и можам да ви кажам дека не е воопшто лесно“, вели тој на видеото, на кое се гледа како носи елек на надувување околу вратот, подготвен да плива со синот.
Судејќи по насмевката што ја има, и покрај неговите поплаки за пешачење до плажата со тежок товар, очигледно е дека и двајцата уживаат во ова семејно патување. Она што многумина го забележаа е дека Александра си ја врати убавата линија на телото.
Видеото на кое Андрија се „жали“ на тешкиот татковски живот, можете да го погледнете ТУКА.