Милица Павловиќ вели дека има денови кога не е задоволна од својот изглед, но дека овие фази брзо минуваат.
Пејачката Милица Павловиќ важи за една од најубавите на регионалната сцена, а често добива прашања дали хируршки ги зголемила градите.
Таа сега објасни дека не „отишла под нож“, и дека не планира, иако нема ништо против жените на кои им е потребно да направат естетски корекции за да го поправат она од што не се задоволни на своето тело.
Никој не ми верува кога велам дека не сум ги зголемила градите. Луѓето мислат дека лажам, но навистина не сум!“, изјави Милица за „Информер“ и додаде:
“Немам ништо против естетските зафати, ниту против девојките на кои тоа им се допаѓа. Сепак, во моментов не размислувам за тоа и се трудам да го задржам природниот изглед. Имам среќа што мојот изглед се уште не е засегнат од стресот и тоа што легнувам доцна поради работа, работам навечер, пеам во загушливи простории“.
Пејачката тврди дека уморниот изглед секогаш може да се маскира со добра шминка и да се претвори во беспрекорен.
“Мојата шминкерка се грижи за сите минимални несовршености на моето лице. Сепак, најважно е да се сакате себеси и своите несовршености. Имам и денови кога не ми се допаѓа како изгледам, но тоа се фази кои брзо минуваат“, искрена беше Милица Павловиќ.
Инаку, таа неодамна зборуваше за тоа дека престанала да јаде месо, дека тоа го правела од здравствени причини, но дека не сакала јавно да зборува за тоа за да избегне различни коментари.
„Сакам да допринесам за моето тело и што помалку да се заморувам, како и да не посетувам болници. Затоа одамна не конзумирам месо, за кое претходно не сакав да зборувам… Да, велат: „Покондурена тиква од Лесковац, појадуваше плескавици, а сега зборува за ова“, рече тогаш Милица и додаде:
„Се грижам за моето здравје почнувајќи од тоа, се додека пред пет-шест години не се разбудив во таа состојба на свест дека треба да си помогнам, и поради природата на мојата работа и поради фактот што сакам да траам додека е можно во него, и поради тоа сакам да издржам и да бидам здрава и убава што подолго“.