Николија Јовановиќ го запозна својот невенчан сопруг, Реља Поповиќ во времето кога тој беше член на групата „Елитни одреди“.
Набргу по нивната деловна соработка, односно по објавувањето на заедничка песна, оваа група се распадна. Верните фанови со години ја обвинуваат пејачката за колапсот на „Елитни одреди“.
Пејачката вели дека и до ден денес наидува на негативни и вознемирувачки коментари и дека во моментот на распадот на групата поминувала низ сајбер насилство.
– „Поради „Елитни одреди“ бев жртва на сајбер насилство и тоа без конкретна причина. Луѓето сè уште сакаат да мислат дека тоа е моја вина и дека имав некое влијание врз таа приказна, а моето влијание беше апсолутно нула. Би сакала еднаш засекогаш да го прекинам ова, иако знам дека залудно сакам да ставам крај, кога луѓето не разбираат“ – вели Николија, која потоа се осврна на самиот почеток на нејзината кариера и додаде дека малку и самата, со нејзините изјави и однесување, придонела за негативен публицитет.
– „Па, јас малку и самата провоцирав на почетокот на кариерата. Веќе од искуство точно знам што го нервира народот, што не, што е може да пројде, што не… Но, не може ни секогаш да им се оди по кејф“