Александра Пријовиќ ГИ КОПИРА странските ѕвезди: Сними идентичен спот како Ноа Кирел (ФОТО)

popara1 август, 20221min00
135c2cf059364ff3191523cce205f4d580ada52a

Сличноста е премногу очигледна

По којзнае кој пат се случува некој од балканските изведувачи да ја копира работата и трудот на големите музички ѕвезди, веројатно во отсуство на сопствени идеи и инспирација.

Порано, пред постоењето на социјалните мрежи, беше потешко да се види, но во денешно време тоа воопшто не е проблем. Последна која „се послужи“ со туѓо дело беше Александра Пријовиќ.

Таа или луѓе од нејзиниот тим дошле на идеја речиси целосно да го ископираат видеото на израелската ѕвезда Ноа Кирел, која го објави хит-синглот „Thought About That“ во јануари оваа година и моментално има речиси 35 милиони прегледи на YouTube.

Публиката можеше да ги види истите кадри како во клипот на Кирел кај Александра во спотот за песната „Јавно место“, кој беше поставен на YouTube пред три недели. Нејзините соработници воопшто не се потрудиле тоа да не биде толку очигледно и проѕирно, па видео клипот го ископирале речиси целосно, всушност само мал дел од кадите не е ист.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma