Брзиот начин на живот си го направи своето
Хрватскиот пејач, Петар Грашо, заврши во болница каде прими инфузија. Како што се наведува, поради бурното темпо на живот и пренатрупаниот распоред му паднал имунитетот, што резултирало со тоа што морал да побара лекарска помош.
Дека веста е вистинита потврди и неговата менаџерка, Мартина Подгорски.
- „Прими витаминска инјекција. Не станува збор за некоја потешка ситуација“ – изјави таа.
Таа се осврна и на сопругата на Петар, Хана, и нивната ќерка Алба, која се роди пред средината на минатиот месец. „Кај нив се е во најдобар ред“ – изјави менаџерката на Грашо.