Јелена Карлеуша обожава необични стилови и знае како да ги носи
Пејачката Јелена Карлеуша синоќа се појави на прославата на 31-виот роденден на нејзината колешка Милица Павловиќ. Таа пристигна меѓу првите во стајлинг кој не можеше да остане незабележан.
Јелена се одлучи за проѕирен фустан во боја која е исклучително популарна годинава – тиркизна. Нејзината тоалета беше здолниште, малку под колената, додека горниот дел беше целиот во ленти, покривајќи минимални делови од телото. Сепак, Јелена дефинитивно може да извлече ваков храбар стајлинг.
Фустанот го спои со златни сандали и чанта во истата нијанса. Интересно е што на Јелена ѝ се допадна малата чанта која ги освои жените ширум светот. Станува збор за вистинска женска чанта која собира само неколку ситници, а се носи во рака.
Јелена неодамна ѝ откри на јавноста дека таа и Душко одлучиле да стават точка на долгогодишниот брак, а на новинарско прашање како е да се биде слободна жена, таа одговори:
– Не сум разведена, сѐ уште не – рекла Јелена и открила дека разводот сѐ уште не е финализиран.