Ова ги загрижи нејзините обожаватели
Пејачката Теодора Џехверовиќ најави дека ќе мора да ги откаже настапите закажани за следните два дена.
Имено, Теодора преку својот Инстаграм профил објави дека е во лоша здравствена состојба, и се надева дека публиката ќе ја разбере нејзината одлука.
– Драги луѓе, поради мојата тешка здравствена состојба, за жал мораме да ги откажеме настапите планирани за петок и сабота – напиша пејачката на својата инстаграм сторија, а потоа додаде:
– Се надевам ќе разберете и ќе се видиме наскоро, ве сака вашата Теодора.
Теодора во текот на летото работи со полна пареа, а за нејзините настапи може да се каже дека секогаш се бара билет повеќе, па нема сомнеж дека оваа објава ги растажи нејзините обожаватели, кои исто така се загрижени бидејќи пејачката не откри за какви здравствени проблеми станува збор.