Оваа комбинација ги доведе до израз нејзините атрибути
Поп ѕвездата Северина Вучковиќ со години важи за една од најстилизираните пејачки на овие простори.
Таа уште еднаш го потврди овој статус со нова објава на социјалната мрежа Инстаграм.
На концертот во Пореч, хрватската пејачка настапи во необични фармерки од модниот бренд „Mugler“, чија цена на веб-страницата Нордстром е околу 1.000 евра.
Имено, Севе позираше во сина тексас комбинација, а најголемо внимание привлекоа фармерките поради необичниот изглед.
Длабоките изрези, покриени само со тенка мрежа, беа доволни да ја „раздвижат“ фантазијата на многумина.
Оваа комбинација ги доведе до израз атрибутите на Северина, а пејачката на сцената се појави со неверојатна самодоверба.