Ќерката на Драгана Мирковиќ редовно прикачува фотографии на својот Инстаграм профил. Мануела покажа дека е вистинска убавица.
Ќерката на Драгана Мирковиќ не престанува да го привлекува вниманието на јавноста.
Младата Мануела неодамна стана активна на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно објавува свои фотографии.
Неодамна се појави веста дека синот на пејачката, Марко, си нашол девојка, а сега Мануела е во центарот на вниманието.
„Кога ги прашав зошто сакаат да бидат на Инстаграм, ми одговорија дека тоа е еден вид слобода за нив“, вели Драгана.
“Можам да го разберам тоа, но ги предупредив дека можат да се збогуваат со својата приватност. Тие на почетокот не го разбраа, се прашуваа – зошто би им биле интересни на медиумите кога не се познати. Сепак, набрзо им стана јасно дека сум била во право“, додала пејачката.
Мануела летово ги воодушеви своите следбеници со провокативни фотографии од летувањето.
Многумина ја споредуваат Мануела со Драгана, бидејќи и двете имаат долга црна коса. Па, судејќи по фотографиите, нема сомнеж дека Мануела е вистинска убавица.