Почината кралицата Елизабета Втора

popara8 септември, 20221min00
345045_kraljicaelizabeta3163727-3085241profimedia0704275030edit-ls_ff

Кралицата Елизабета Втора почина на 97-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска.

Кралицата Елизабета Втора била под лекарски надзор поради лошата здравствена состојба, а најновата вест која доаѓа од Велика Британија е дека најпознатата жена на планетата почина.

– Кралицата попладнево мирно почина во Балморал. Кралот и неговата сопруга вечерва ќе останат во Балморал, а утре ќе се вратат во Лондон – гласат официјалните информации.

– По прегледот утринава, лекарите на кралицата биле загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачале таа да остане под медицински надзор – се вели во соопштението.

– На кралицата и било удобно во Балморал – гласат денешните соопштенија на кралското семејство.

Претходно денеска загриженост изрази и новиот британски премиер, а според последните извештаи со неа биле и принцовите Вилијам и Хари.

Елизабета е родена на 21-ви април 1926 година. Таа се искачи на тронот на Обединетото Кралство во 1952 година по ненадејната смрт на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Таа помина 74 години во брак со принцот Филип, а за тоа време добија четири деца – принцовите Чарлс, Ендру, Едвард и принцезата Ана.