ГОЦА ТРЖАН ЗАПОЧНУВА НОВ БИЗНИС! Покрај пеењето, глумата и водителството, пејачката ќе се занимава и со оваа работа!

popara13 октомври, 20221min00
620451_screenshot-11_f

Пејачката Гоца Тржан реши со сопругот Раша Новаковиќ да отвори музичко студио каде музичарите ќе можат да снимаат песни.

И покрај тоа што има успешна музичка, но и водителска кариера, познатата „воркохоличарка“ Гоца Тржан одлучила да започне уште еден приватен бизнис, од кој ќе има големи приходи.

– Правиме едно студио кај нас во Бач, во куќата на родителите на Раша. Таму ќе направиме студио за снимање песни, кавери и слично. Ќе биде средено по мој вкус, а ние, музичарите, ќе имаме и простор каде што ќе можеме да „џемуваме“ и да си играме како што ни се игра – откри Тржанова.

Пејачката признава дека и без новиот бизнис има многу работа, но, како што вели, тоа не и е проблем.

– Сега имам концерт. Работам многу, па понекогаш не знам дали водам емисија, дали пеам, дали глумам, но тоа е мојот живот. Да беше поинаку, односно да немав толку работа, веројатно ќе умрев од досада – додаде пејачката низ насмевка.

Да се потсетиме, освен соло настапи, Гоца Тржан редовно одржува концерти и со бендот „Тап 011“, а во исто време снима емисија во која со јавни личности разговара за бројни теми. Покрај тоа, пејачката снима и семејно реално шоу, како и видеа за сопствениот канал на „YouTube“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma