Пејачката изгледа помладо и посвежо
Пејачката Весна Џогани неодамна реши да ја направи првата пластична операција. Мислела дека оваа интервенција е неопходна, па ставила ботокс за брчки околу очите, ботокс на челото и мезотерапија.
– Овој пат направив ботокс за брчки околу очите, ботокс на челото, а потоа направив мезотерапија за сјај и еластичност на кожата. Секоја мезотерапија се прави во зависност од типот на кожата – објасни пејачката на својот Инстаграм профил.
По интервенцијата Весна се сликала во огледало. Забележлива е разликата меѓу нејзиниот поранешен и сегашен изглед. Нејзиното лице е позатегнато, а пејачката изгледа посвежо и помладо.
Нема сомнеж дека Весна успеала да ја постигне целта. Иако многумина ја советуваа да го задржи природниот изглед и убавина, таа сепак се одлучи на овој потег. Најважно е што не се покајала и сега е задоволна со своето лице.