„КАКОВ ЛАЖЕН МОРАЛ“ Лепа Брена им возврати на критичарите кои ја осудија за фустанот со МОТИВИ НА ГОЛО ТЕЛО: „Тоа е симбол на самосвесна жена“

popara3 јануари, 20231min00
Screenshot_5

Еден од впечатоците од новогодишната вечер беше фустанот во кој Лепа Брена настапи на програмата на српската Нова ТВ, а коментарите пристигнаа од сите страни на Балканот.

 

 

 

 

Брена пред камерите пееше во долг црн вечерен фустан од сплитскиот креаторот Борис Краготиќ,на кој беше нацртано голо женско тело со златни светки на предната и задната страна, а тоа предизвика многу реакции.

 

– Лепа Брена во најгрдиот фустан што сум го видела во животот. Луѓе мои, дали е можно? Што е ова? Мајко мила! – се само некои од најчестите коментари.

 

 

ФУСТАНОТ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

 

Критиките за фустанот стигнаа и до Брена:

 

-На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, се што е нормално не им привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи… Каков лажен морал! Додека во денешно време партнерите убиваат жени, се силуваат девојчиња и не се прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век и ширењето на верска и национална омраза… – проблем се насликани златни ци*ки на фустан! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме – вели пејачката.

 

Новинарите ја прашаа што сакала да порача со овој фустан.

 

– Без жени немаше да има човештво! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот, на Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесна жена. Истиот стил на облекување прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе. За мене го направи Борис Карготиќ, сопственик на брендот DeMode, родум од Сплит. Многу модерен, авангарден и креативен, во кариерата соработуваше со Мадона и веќе споменатата Бијонсе – изјави Брена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag