
Шпанската кралица Летиција уште еднаш докажа дека едноставноста е суштина на елеганцијата
Поранешна новинарка, облече шик црн фустан додека присуствуваше на настаните по повод Меѓународниот конгрес за шпански јазик.
Нејзиниот фустан имаше мрежести детали по должината на рамениците со реси кои паѓаа надолу покривајќи и ги рацете. Ресите се многу популарни оваа сезона, а Летиција успеа да ги прилагоди на стилот што треба да го има една кралица.
Таа реши да ја собере косата во ниска пунџа, што ги истакна нејзините висечки обетки – додаток за кој не се одлучува често.

Кога станува збор за чевлите, Летиција и овој пат не се откажува од салонките.