Друштво и правеше менаџерот и пријател Зоран Бирташевиќ
Јелена Карлеуша додека го подготвува долгонајавуваниот албум со своите ставови и стајлинг го привлекува вниманието на јавноста.
За појавувањето по повод промоцијата на новиот албум на колешката Милица Павловиќ, Јелена се одлучи за необичен изглед.
Целата во беж-кафени тонови, Јелена носеше минијатурни шорцеви, а во горниот дел имаше необичен корсет под кој се гледаа црни прерамки, кои и поминуваа преку градите.
Целото внимание го украде преголемиот сламен шешир, каков што имаме прилика да видиме на фотографии од дами од море или некое егзотично крстарење.
Со целиот изглед таа се одлучи за мала чанта од познат светски бренд, и проѕирни штикли низ кои се гледаше зелениот педикир.
Големо внимание привлече и изборот на обувки на нејзиниот менаџер, кој носеше бели папучи, слични на оние што се добиваат во хотел.
Јелена потоа сподели дел од атмосферата, од настанот на кој беа присутни многу познати личности.
„Ние нашите мали тајни ги чуваме во шише. Те сакам“, напиша Милица Павловиќ во коментар со сликата.