Веста брзо се прошири низ социјалните мрежи, па се огласи и самата Николија
Поради видео од настапот на Николија Јовановиќ, почнаа шпекулации дека пејачката повторно е во блажена состојба. Имено, на клипот јасно се гледа мало стомаче под кратката маица, поради што фановите се посомневаа дека Николија е повторно бремена.
Гледајќи дека оваа вест брзо се рашири низ социјалните мрежи, се огласи и самата Николија, која истакна дека не е во благословена состојба, туку дека штотуку јадела пред настапот.
-Бидејќи новинарите ми се јавија за да проверат… Само да нагласам дека не сум бремена. Само најадена. Моето тело е такво што секогаш ми излага стомак. П.С, тоа нема да ме спречи да носам кратко – напиша Јовановиќ со уште едно видео како јаде:
– И нема ни да престанам да јадам, бидејќи многу сакам да јадам – додаде Јовановиќ.