ТОРНАДО наречено Тамара!

popara22 јули, 20231min00
Screenshot_7

Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“.

 

 

 

„Брза, динамична и летна – се надевам ќе Ви се допадне“, напиша Тамара на Фејсбук.

 

Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.

 

Спотот за песната го работеше продукцијата „Division”, а истиот, во текот на јуни се снимаше на неколку локации низ Скопје.

 

„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови.

 

– „Торнадо“ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот,  вели Тамара.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag