На сред пеење, пејачката побара музиката да престане и ги подготви гостите и обожавателите за она што доаѓа наскоро
Јелена Карлеуша на еден од нејзините концерти предизвика бурни реакции кога го прекина настапот и и се обрати на публиката.
На сред пеење, пејачката побара музиката да престане и ги подготви гостите и обожавателите за она што доаѓа наскоро.
Секако, станува збор за долгоочекуваниот албум кој сите нејзини фанови со нетрпение го очекуваат.
Клип од оваа објава кружи на социјалните мрежи и ја воодушеви нејзината публика.
– Ексклузивно, сега за прв пат, сигурно ќе кажам, за околу две недели, ако не се лажам, ќе излезе мојот албум. Се гледаме следниот пат со нови песни – рекла Јелена, а публиката почнала да вреска.
– Крајот на светот – стои под видеото.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Интересно е што поради новиот албум Јелена претходните месеци беше на строга диета, а фигурата успеала да ја доведе до совршенство.