„Ако Карлеуша има проблем со мене,нека го реши сама!Марија Шерифовиќ за односот со Јелена

popara9 октомври, 20231min00
Марија Шерифовиќ

Пејачката Марија Шерифовиќ проговори за конфликтот со поранешната блиска пријателка Јелена Карлеуша.
Победничката на Евровизија Марија Шерифовиќ по долга пауза го објави албумот „Долази љубов“, а денеска се појави на снимањето на емисијата „Ѕвезда Гранда“, кога проговори за конфликтот со музичката ѕвезда Јелена Карлеуша.

Се чини дека Јелена Карлеуша решила да го прекине контактот со сите членови на жирито на шоуто „Ѕвезде Градна“ во кое со години таа беше член.Имено, Карлеуша сега ја отследи Марија Шерифовиќ, на Инстаграм,иако ѝ беше најдобра пријателка во шоуто.Причината поради која Јелена го направила овој потег,веројатно се крие во тоа што,таа неодамна ги објави двата нови албуми „Алфа“ и „Омега“, после 11 години музичка пауза,а нејзината пријателка не се потрудила ни да ѝ честита.

-Немам ни најмал проблем со Јелена Карлеуша.Ако таа го има,мислам дека сите треба да го слушнеме.Навистина не знам,ова е мојот единствен одговор.Мислам дека има и други работи во животот што е поважно да ги поддржиме,кога е во прашање нашата работа,а тоа е кога камерите се гасат.Немам проблем со тоа.Ако Карла има проблем,нека го реши сама – им порача Марија на насобраните медиумски екипи,меѓу кои и “Informer”.

Да потсетиме,Јелена Карлеуша неодамна ја придружуваше својата долгогодишна пријателка и соработничка Марија Шерифовиќ, по изјавата на Саша Поповиќ дека токму таа ја испратила статистиката за гледаност што ја објави ексцентричната пејачка.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma