Најсреќната вест доаѓа од семејството на парот кој чека бебе.
Еден од најпопуларните српски актери Милош Биковиќ се сврши со својата избраничка Ивана Малиќ. Тие двајца долго време се во хармонична врска и не ја кријат љубовта.
Тие неодамна објавија убава вест,а тоа е дека Ивана е во блажена состојба и дека чекаат бебе.
Сега отидоа чекор понатаму кон заедничка иднина,а Милош реши да ја запроси Ивана.
Црногорската адвокатка по тој повод добила прекрасен веренички прстен и не одолеа да ја сподели својата среќа со остатокот од светот на социјалните мрежи.
Двегодишна врска е крунисана со прстен,а кога ќе заврши на луд камен,останува да видиме.Двајцата се зафатени со подготовка на својот дом за нивниот наследник, па тоа е нивната најголема грижа во моментов.
Бидејќи двајцата го кријат својот приватен живот од љубопитната јавност,Kurir објави дека се вериле пред неколку дена,но дека досега никој ништо не знаел за тоа.
– Познато е дека Милош не сака јавно да открива детали од приватниот живот.Тој сака да избегне помпезност,еуфорија и чинот на брак да се изврши во строга тајност.Со оглед на тоа што Ивана остана во друга состојба,тие двајца зборуваат за официјално венчање,а тоа ќе се случи пред да станат родители.И двајцата се согласиле дека е најдобро да споделуваат информации за интимниот чин со своите следбеници и јавноста само кога се ќе заврши – вели изворот на Курир.