Северина на својот Инстаграм профил сподели фотографија со синот заедно со зборовите од песната која му ја посветила.
Врховниот суд и го одзеде старателството над синот на Северина Вучковиќ, Александар и го додели на нејзиниот поранешен сопруг, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.Откако веста стана јавна, пејачката редовно објавува на својот Инстаграм профил каде ги објавува зборовите на поддршка што ги добива од пријателите и обожавателите. Така таа ја сподели фотографијата со синот во форма на илустрација со зборовите на песната „Rođeno moje“ која му ја посвети.
-Најтешките битки ги водат најсилните… – стои во описот на фотографијата.
Да потсетиме, Северина неодамна одржа концерт во Јахорина. Пејачката непосредно пред почетокот на настапот изјави дека со денови се чувствувала лошо, но и покрај тоа се трудела да биде максимално весела на концертот заради публиката.Меѓутоа, кога на ред дојде песната „Rođeno moje“ Северина целосно се распадна, па дури и заплака на сцената.