Биковиќ глуми со Шварценегер! Српскиот актер во хит серија со светски ѕвезди

popara31 јануари, 20244min00
Милош Биковиќ

Милош Биковиќ со години е на врвот на популарноста во Србија и Русија, а наскоро ќе го освои и Холивуд.
Милош Биковиќ ќе глуми во серијата „Белиот лотос“ со Патрик Шварценегер, синот на Арнолд Шварценегер!

Американската телевизиска мрежа HBO неодамна објави дека најпопуларниот српски актер ќе биде дел од третата сезона на хит серијата, а откриено е дека Патрик Шварценегер, синот на американскиот актер кој стекна светска популарност со улогата на Терминатор ќе му се придружи на тимот.

Шварценегер Јуниор својата кариера ја започна во 2006 година како модел, а со години работи и како актер.

 

„Покрај Мишел Монаган, Паркер Пози, Милош Биковиќ, Лесли Биб и Џејсон Ајзакс, во третата сезона на тимот ќе му се приклучи и Патрик Шварценегер. Чест ни е што имаме одличен тим за следната сезона и едвај чекаме да започнеме со снимање во февруари во Тајланд“, објавија од продукцијата на мегапопуларната серија на Мајк Вајт.

Милош Биковиќ вели дека е горд што глуми со вакви ѕвезди.

– Го поминав кастингот и многу сум горд што сум дел од таков тим. Самата процедура на избор на актери е стандардна кај нас, во Русија, па дури и на Запад. Убавината на филмската уметност е што во основа е исто и во Белград и во Москва и во Холивуд. Потпишав „тврд“ договор, што прилично ме ограничува да зборувам за деталите од проектот. Сигурно е дека снимањето ќе трае подолго отколку што беше случај во претходните сезони, ќе биде потемелно, па верувам дека третата сезона ќе биде токму она што се очекува, подобра од првите две – изјави неодамна актерот.

Биковиќ се најде во центарот на вниманието на светските медиуми откако беше објавено дека ќе биде дел од третата сезона на серијата, а набрзо владата на Володимир Зеленски срамно го нападна нашиот актер. Минатата недела Министерството за надворешни работи на Украина го нарече Биковиќ „актер на Путин“ и го обвини за „поддршка на геноцид и кршење на меѓународното право“?!

Преку социјалната мрежа Х од украинското министерство ги прашаа челниците на HBO: „Дали е во ред да се работи со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право“. Американската телевизиска мрежа не одговори на одвратните лаги и навреди упатени кон актерот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag