Аца Лукас се бори со пороците! Фолкерот „се чисти“ на клиника, а еве колку пари издвоил за лекување

popara22 март, 20241min00
Аца Лукас

Аца Лукас, според медиумите, решил да се грижи за своето здравје, па, како што се наведува, отишол на лекување во клиника, за што издвоил значителна сума пари.
Фолк ѕвездата Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, со години води боемски начин на живот кој е општо познат и често консумира алкохол и цигари, а како што кажа претходно имало и други супстанци.

Аца сепак решил да го „повлече чкрапалото“ и да се справи со својата здравствена состојба. Како што пренесуваат локални медиуми, Фолкерот со месеци посетува една белградска клиника, каде оди на терапија со крвна плазма, која помага во исфрлањето на штетните материи од телото и претставува еден вид на брза детоксикација.

За ваков третман Лукас треба да троши од 300 до 600 евра по сесија, а бидејќи долго време е на овој режим, досега има потрошено над 30.000 евра.

– За овие методи на детоксикација Аца дознал преку пријател од естрадата, а бидејќи има пари да си дозволи да оди на скапи третмани, не се двоумел веднаш да праша за се и да си закаже термин. Тие методи за детоксикација се познати во целиот свет, а луѓето кои сакаат да се ослободат од токсините плаќаат големи суми за тоа бидејќи е најбезбедно и најбрзо – вели извор за “Republika”, додавајќи:

– Лукас со месеци е на клиника за овие третмани. Кога се ќе се собере, дал вкупно околу 30.000 евра бидејќи оди неколку пати месечно, понекогаш и четири, па правел паузи за да ги одмори вените. Дури вели дека оди помалку, но некои негови блиски пријатели тврдат дека на овие терапии оди речиси една година. Сега секако помалку настапува, многу слободно време одвои за себе, па постигнува се и конечно се посвети на здравјето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag