Најдобрите вести доаѓаат од домот на музичкиот пар Хана Хуљиќ и Петар Грашо. Имено, познатите сопружници слатко го очекуваат своето второ заедничко дете. Популарниот сплитски музичар ја потврди среќната вест, а нивното семејство е пресреќно поради доаѓањето на уште еден член.
Откако пред година и девет месеци станаа родители на малата Алба, Хана Хуљиќ Грашо и Петар Грашо го очекуваат своето второ дете, дознава InMagazin.
Популарниот 48-годишен музичар потврди дека неговата сопруга, која е 14 години помлада, повторно е бремена, а славните сопружници се пресреќни.
View this post on Instagram
На крајот на јануари, талентираната музичарка сподели фотографија од прошетка каде таа и нејзиниот 14 години постар сопруг ја држат за раце малата Алба. Нивната сакана е облечена во шарена зимска облека, а иако не и го покажа лицето, ова беше првпат воопшто да ја покажат на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Хана Хуљиќ Грашо во јули 2022 година го роди своето прво дете – девојче. Пет месеци пред раѓањето на Алба, таа и нејзиниот сопруг Петар Грашо запловија во брачните води.Тој ден особено ќе го памети Петар Грашо, кој не можеше да ги задржи солзите кога на крајот од церемонијата хорот предводен од Хуљиќ и младата и доверлива Лорена Буќан, ја испеа неговата омилена песна на Битлси „All You Need Is Love“.
View this post on Instagram