Јелена Калеуша се огласи на Инстаграм и ја шокираше јавноста со една фотографија и порака.
Поп дивата Јелена Карлеуша се најде во центарот на вниманието на јавноста поради инцидент со нејзиниот се уште законски сопруг Душко Тошиќ во семејната куќа на Дедиње. Таа во саботата рано наутро пријавила поранешен фудбалер дека физички ги нападнал неа и нејзината другарка, поради што реагирала и полицијата, а потоа се огласила на мрежите.
Душко изјавил дека „не ја ни допрел“, и дека „сè наместила“, а Карлеуша сега со нова објава ги потресе социјалните мрежи. Таа на својата инстаграм приказна сподели фотографија на која е целосно гола, а нејзината долга руса коса ги покрива нејзините интимни делови. Таа напиша и порака над сликата против носењето животинско крзно.
Претпочитам да одам гола отколку да носам крзно“, пишува на фотографијата. Карлеуша престана да јаде месо и да носи животинско крзно пред шест години, кога почна да ја следи работата на организацијата „Peta“. Таа потоа дала збор и очигледно го одржала.„Откако почнав да ја следам организацијата Peta, престанав да јадам месо и да носам крзно. Тоа е прв чекор, мал, но е чекор кон подобро човештво. Следното нешто што ќе направам е да најдам начин да избегнам користење на животинска кожа, да престанам да јадам риба, јајца и млечни производи“, напиша таа на својот Твитер профил пред неколку години.
По инцидентот на Душко Тошиќ полицијата му направила алкотест, која утврдила дека има 0,8 промили алкохол во крвта, а соседите откриле што слушнале.