
Хрватската пејачка Северина деновиве „го запали Травник“ со енергичен настап за кој носеше креација од Јурај Зигман, дизајнерот кој го создаде нејзиниот костим за новогодишната забава во Сараево, а кој исто така облече некои од најголемите светски ѕвезди.
Пејачката сподели фотографии на социјалните мрежи на кои го прикажува ова уникатно парче облека. Имено, костимот се состоел од тексас корсет со проѕирни делови кои го истакнувале нејзиното деколте.

Имаше и сребрени ресни и розови врвки кои беа прицврстени на задната страна, а ресните висеа и од напред и од назад. Овој разигран костим беше надополнет со тексас јакна, исто така со сребрени детали и сребрени ресни кои висеа од ракавите.
Изгледот го заокружи со сребрени потпетици и проѕирни мрежести чорапи.
„Се телепортиравме директно во Травник од Опатија. Благодарност до светски познатиот, и нашиот Зигман, и до светски познатата, и нашата Катија Шимундиќ за овој сензационален костим“, рече Северина.
Патем, креациите на Зигман ги носеа и бројни светски ѕвезди како што се Бијонсе, Рита Ора, Меган Ди Сталион и Карди Би.
Со голем концерт во Травник, Северина Вучковиќ покажа зошто со години е една од најпопуларните женски изведувачи во регионот.

Таа се качи на сцената под громогласен аплауз од преполниот стадион Пирот, а обожавателите на нејзините песни од сите генерации го пееја хитот „Бред Пит“ со неа во хор, отворајќи ја музичката бајка во градот на везирот.
„Последен пат бев во Травник во 1998 година и мислев дека сите ме заборавиле во меѓувреме, но кога го доживеав ова синоќа, бев среќна како мало дете – од трепките до петиците. Бидејќи е стадион, да се изразам со фудбалски термини, како што би рекол Ќиро Блажевиќ, кој беше од Травник, ги оставивме срцето, душата и нозете на теренот, а публиката уште повеќе. Сите бевме воодушевени“, рече Северина по концертот во Травник.