
Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена доживеа несреќа на настап во Будва, каде што падна на сцената за време на познатото замавнување со нозете, а сè беше снимено од нејзиниот обожавател во првите редови.
Брена настапи во клубот Топ Хил, а со неколку измени во фенси фустаните и костимите, настапот не се разликуваше многу од концертите.
Пред да почне да ја пее „Kolovođa“, пејачката ја замавна ногата нагоре, што е еден од нејзините попрепознатливи движења низ годините, се сопна и падна на сцената.
„Не си бил на концертот на Брена ако Брена не паднала пред тебе“, се пошегува обожавателот на пејачката кој го сподели видеото.
Брена го направи истиот потег во 1983 година на концерт во Мостар, кога за време на изведбата на песната „Dama iz Londona“ се шутна во главата и падна на подот.
Поминаа 43 години од настапот, а нозете на Брена станаа нејзин заштитен знак, додека споменатиот потег доби иконски статус.
Со текот на годините, пејачката имала повеќе примери на паѓања, а по несреќата што ја доживеала во Загреб на концерт во декември 2024 година, морала да се подложи на операција бидејќи го скршила глуждот.