Ролат со вишни

popara1 септември, 20111min00
rolat

Состојки:

Пандишпан: 4јајца, 100гр шеќер, 80гр брашно, 20гр густин, 2,5 лажички како во прах, 1 кесичка прашок за пециво.

Фил 1: 2дл слатка павлака, 1 кесичка шлаг

Фил 2:300гр вишни, 2 лажички шеќер, 1 кесичка пудиг од ванила, 1дл сок од вишни или вода,

Декорација: 3дл слатка павлака 100гр чоколадни зрнца

Подготовка:

Изматете ги белките во цврста пена, додадете го шеќерот и една по една жолчка. Измешајте ги брашното, густинот и какото со прашокот за пециво, па полека соеднинете ги со изматените јајца. Смесата ставете ја во поголема тава на масна хартија и печете на 200 степени околку 15 минути. Готовиот пандишпан оставете го на влажна крпа и оставете го да се лади.

Кога ќе биде изладена исечете ја спред овалнот сад,но претходно ставете му фолија. Остатокот од исечениот пандишпан чувајте го за подоцна.

Изматете ја слатката павлака и додадете го шлагот, и премачкајте го пандишпанот во овалот и ставете во замрзнувач барем на еден час.

Во меѓувреме подгответе го филот со вишните, изматете го пудингот во ладна вода, па измешајте г со вишните и шеќерот. Се кратко сварете и оставете да се олади. Кога филот ќе биде млак, распоредете го на пандишпанот во овалот.

Од останатиот дел од пандишпанот, исечете и направете како поклопец за другиот што е во овалот. Па сето тоа вратете го во замрзнувач на кратко. На крај превртете го колачот во чинија и премачкајте со слатка павлака и ставете му ги чоколадните зрнца за декорација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma