Кој вели дека тиквичките се идеални само за солени колачи?!
Состојки:
*2 кг тиквички
*1,5 кг шеќер
*200 гр шеќер во прав
*2 лимона
*конзерванс
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките, измешајте ги со шеќер и гответе ги на тивок оган половина час.
Потоа додадете лимон исечен на парчиња и гответе го уште дваесет минути.
Отстранете ја тавата од шпоретот, измешајте го конзервансот, па топлиот џем ставете го во загреана тегла и врзете го со целофан.
Време на подготовка: 45 минути