Секси јаготки полнети со чоколадо

popara10 септември, 20111min00
berry3

Потребни состојки:

  • Чоколадо за готвење
  • 50 гр путер
  • 3 жолчки
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици ликер по желба
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 1 кесичка шлаг
  • 1 кг јаготки

Подготовка:

Чоколадото и путерот ставете ги во сад кој ќе го загреете врз сад со зовриена вода. Мешајте постојано се додека смесата целосно не се соедини. Во друг сад измешајте ги жолчките, шеќерот, ликерот и ванилата. Загрејте ги врз сад со зовриена вода, а потоа мешајте со миксер додека смесата не се соедини и не стане густа.

Во посебен сад изматете го шлагот додека не добие густина. Во садот со жолчките, шеќерот, ликерот и ванилата дојдате ја смесата од чоколадо и путер и постојано мешајте за да не се направат грутки. Потоа додајте го и разматениот шлаг. Откако состојките ќе се соединат, смесата ставете ја во фрижидер 15-20 минути, се додека не се стврдне.

Јагодите издлабете ги во средина и потоа, со помош на готварски шприц, пополнете ги со изладениот чоколаден крем. Сервирајте ги на голема чинија со пелниво вино и уживајте во овој секси десерт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma