Потребни состојки:
- 200 гр. Шампињони
- 150 гр. Буковка
- 150 гр. шитаке печурки
- 100 гр. маринирани печурки по желба
- 2 дл. Павлака
- 128 гр. интегрален ориз
- 1 кромид
- 1 лажичка пармезан
- 4 лажици масло за готвење
- Зачин, сол и пипер
Подготовка:
Исецкајте го ситно кромидот. Потоа исецкајте ги ситно сите видови на печурки. Интегралниот ориз најпрвин сварете го во солена вода, а потоа оставете го да се изцеди.
Испржете го најпрвин кромидот, а потоа додајте ги и печурките. Динстајте ги со повремено додавање на вода се додека не омекнат. Потоа додајте го оризот и динстајте уште 10-тина минути.
Откако оризот ќе омекне, додајте ја павлаката и зачинете. Динстајте уште 15 минути, односно не додека смесата не стане густа и вишокот вода не испари. Откако јадењето ќе биде готово, во смесата додајте го и пармезанот и промешајте.
Ова јадење е вегетаријанско, но доколку сакате во смесата може и да додадете сварено или пржено пилешко месо на коцки, кое ќе му даде дополнителен вкус.