Вистинска паника настанала откако жителите на неколку сојузни американски држави приметиле необичната светлина на небото. Овој феномен за брзо време добил големо внимание, но објаснување се уште нема.
Светлечкиот објект развивал се поголема и поголема брзина, каква што не може да постигне човечко летало, притоа менувајќи ја бојата, изјавуваат очевидци од западнот дел на САД. Откако се пуштиле во етерот информации за необичниот објект, луѓето сфатиле дека не „полуделе“ за тоа што го виделе, па така ситуацијата станала се посериозна.
При консултации со американското воздухопловство и НАСА, потврдено е дека не станува збор за човечко летало или пак за вонземјански отпад како и за остатоци од сателит.
Некои стручни лица изнеле став дека е можно да се работи за дел од астероид, но заради начинот на движењето и лебдењето на објекот губи на значење теорита. Една од снимките за необичниот објект и сведочењата на очевидците можете да ги погледнете тука :
http://www.youtube.com/watch?v=xEj57_qus-8&feature=player_embedded