Пилешко и шкампи со ориз и зеленчук на шпански начин

popara4 октомври, 20111min00
Paella

Овој рецепт го приготви познатиот готвач Марио Батали во емисијата на Опра Винфри. Станува збор за шпанскиот специјалитет „Паела“, односно пилешко и шкампи приговени со ориз и зеленчук.

Потребни состојки:

  • 10 копани од кокошка
  • ½ шоља маслиново масло
  • 300 гр. Шкампи
  • 1 главица кромид
  • 3 домати
  • Коцка за супа
  • 1 лажичка шафрон
  • 500 гр. Школки
  • 200 гр. Грашок
  • 10 стракови аспарагус
  • 1 шоља кафен или бел ориз
  • 1 лажичка црвена пиперка
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Во тенџере на оган сварете ја коцката за супа. Во тавче за печење ставете ги копаните попрскани со маслиново масло и сол да се печат. Печете на температура од 220 степени целзиусови околу 30 минути.

Во меѓувреме, во тавче на оган ставете масло и почекајте да се загрее. Потоа додајте ги шкампите и пржете ги се додека не поруменат. Потоа извадете ги од тавчето и тргнете ги на страна. Во истото тавче додајте го ситно исецканиот кромид. Доматите изгмечете ги се додека не станат како пире. Откако ќе се испржи кромидодт, додајте го доматното пире, црвената пиперка и шафранот гответе околу 5 минути. Потоа додајте го оризот и пропржете. Додајте ја супата и гответе уште околу 5 минути.

Потоа во тавчето на оган додадете ги школките и копаните, како и грашокот и аспарагусот. Наросете сол и црн пипер и оставете ја смесата да се готви околу 20 минути. Паелата е готова кога течноста целосно ќе исчезне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma