Потребни состојки:
12 јајца
100 гр. сланина
200 гр. кашкавал
5 лажици сенф
5 лажици мајонез
Морско оревче
1 лажичка кари
Сол и црн пипер
Припрема:
Јајцата ставете ги во солена вода и оставете ги да вријат околу половина час, односно се додека не бидат тврдо варени.
Откако ќе се изладат јајцата, пресечете ги на половинки и отстранете ги жолчките.
Исецкајте ја сланината на ситни коцкички. Во тава со масло на оган ставете ја сланината да се испржи.
Во блендер ставете ја испржената сланина, жолчките, изренданиот кашкавал, сенфот, мајонезот и карито. Изрендајте малку морско оревче и наросете сол и црн пипер. Матете ја смесата се додека не се соедини.
Од смесата ставете во готварски шприц и нанесете врз секоја половинка од јајцата. Послужете ги вака приготвените ѓаволски јајца во чинија за сервирање. Добар апетит!