Школки со путер и лук за вистински афродизијак

popara16 октомври, 20111min00
recept

Велат дека морската храна делува како афродизијак. Пригответе го овој рецепт и испробајте дали е вистина 🙂

Потребни состојки:

1 кг. Школки

5 чешниња лук

200 гр. моцарела

2 лажици сецкан магданос

200 гр. путер

Припрема:

Исчистете ги школките и добро измијте ги со студена вода. Во тенџере на оган ваарете ги школките 4-6 минути, односно се додека не се отворат.

Извадете ги школките од тенџерето и отворете ги. Во посебен сад ставете го растопениот путер и ситно исецканиот лук. Од смесата нанесете врз секоја школка.

Наредете ги школките во тава за печење. Врз секоја школка изрендајте моцарела сирење. Ставете ги школките во претходно загреана рерна и оставете ги да се печат 10тина минути на температура од 160 степени целзиусови.

Освен како афродизијак за вечера, послужете ги школките и како дел од менито на вашите забави. Сигурно ќе усреќите некого!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma