Вкусни залчиња од тиква и козјо сирење

popara18 октомври, 20111min00
tikva i kozjo sirenje

Потребни состојки

  • 1 мала тиква
  • 1 лажичка зачин мајчина душичка
  • 3 големи компири
  • 3 лажици путер
  • 250 гр. Павлака
  • 2 лажички магданос
  • 100 гр. Лешници
  • 200 гр. козјо сирење
  • Масло за јадење
  • Сол и црн пипер
  • Француско лепче или секаков вид на мали пецива

Припрема:

Тиквата исецкајте ја на коцки, отстранете ги семките и ставете ја во тава за печење на која претходно сте ставиле хартија за печење. Ставете ја тиквата во претходно загреана рерна и печете 60 минути на температура од 180 степени целзиусови. Откако ќе се испече тиквата, извадете ја од рерна и оставете ја целосно да се излади.

Ставете ги компирите во солена вода во тенџере на оган и варете околу 15 минути на силен оган. Потоа излупете ги компирите и оставете ги да се изладат. Откако малку ќе се изладат ставете ги во садот со тиквата. Додадете го путерот, половина од козјото сирење, мајчината душичка и павлаката. Додадете сол и црн пипер и изматете ја смесата со миксер се додека не се соедини.

Исецкајте го француското лепче на тенки кришки или пак исецкајте ги малите пецива на половина. Од смесата додадете врз секоја кришка/пециво и размачкајте. Ставете ги вака намачканите кришки/пецива во претходно загреана рерна и печете околу 5 минути на температура од 200 степени целзиусови, па потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20тина минути.

Оставете ги малку да се изладат, а потоа кришките/пецивата наредете ги на чинија за сервирање. Врз секое од нив наросете магданос, ситно сецкани лешници и магдонос. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag