Ал Капоне ll дел

16 јуни, 20110
Al Capone

Неколку месеци пред овој настан, Капоне го организирал еден од најпознатите атентати во историјата на мафијата. Противничката страна, бандата “North Side”предводена од Бугс Моран создавала се поголеми проблеми, па Ал одлучил да ги сопре. Познат и како масакрот на Денот на вљубените кој се случил на 14-ти Февруари 1929 година. Капоне ги испратил своите луѓе кај Моран облечени како полицајци. Тие без проблем влегле и убиле 6 од ривалските мафијаши и 1 случаен минувач. Овој случај брзо се проширил во јавноста и сите знаеле дека ова е дело на Капоне. Меѓутоа, тој и за ова се погрижил, еден месец пред тој заминал во Мајами и од таму по телефон разговарал со главниот обвинител. Иако тој имал повеќе од силно алиби, привлекол многу внимание. Во тоа време на ФБИ немал овластување како денес, така што тие можеле само да основаат порота која испратила инспектор за да се испита престојот на Капоне во Мајами. Тој заклучил дека Ал Капоне мора да лежи во кревет, бидејќи имал тежок бронхитис. На барање на главниот обвинител на ФБИ, пратена е нова истражна екипа која заклучила дека Капоне посетувал  трки со коњи, крстарел и виден е во добра здравствена состојба.

Капоне на 20 март 1929 година се појавил да сведочи пред главната федерална порота  во Чикаго. Тој сведочел се до 27 март, кога е пуштен на слобода. Меѓутоа само што ја напуштил судницата, уапсен е од страна на Апелациониот суд и морал да се соочи со казна од година дена затвор и 1000 долари парична казна. Но, тој платил 5000 долари и веднаш бил ослободен.

На 17 мај 1929 година Капоне бил уапсен во Филаделфија, заедно со неговиот телохранител, поради поседување на оружје без дозвола поради што морал да одлежи 1 година затвор. По девет месеци тој е ослободен поради добро однесување, за да повторно на 28 февруари 1930 да го посети затворот на 6 месеци, поради неплаќање на судските трошоци. Понел жалба на оваа одлука, но жалбата била поништена и тој бил испратен е во затвор.

Во меѓувреме министерството за финансии подготвувало обвинение за даночно затајување. Во обвинението покрај Капоне, се нашле и неговиот брат Ралф “Bottles“  Капоне, Џејк “Greasy Thumb“ Гузик, Френк Нити и уште неколку негови соработници, кое се случило на 16 јуни 1931 година. Капоне го признал обвинението и подоцна изјавил дека се договорил со судијата да одлежи само 2,5 години. По новото судење, на 18 октомври 1931 година Капоне бил осуден на 11 години во федералниот затвор и 50.000 долари парична казна. Судските трошоци го чинеле 7.692 долари и морал да плати 215.000 долари порез. Пратен е во Alcatraz, во близина на Сан Франциско и не му било воопшто лесно, иако имал финансиска помош од надвор и пријатели во мафијата, имало неколку обиди да се изврши убиство врз големиот Ал Капоне. Тој бил избоден со нож во грбот и  обид за труење и давење.

На 16 ноември 1939 година Капоне е ослободен по одлежани 7 години, 6 месеци и 15 дена затвор. Боледувал од сифилис, кој го заработил од неговите проститурки. Инфекцијата се проширила низ целото тело вклучувајќи го и мозокот. Бил на лечење во Мајами, меѓутоа бил толку тешко болен што скоро цело времевегетирал. Никогаш повеќе не се вратил во Чикаго, бидејќи не бил психички способен да го чува семејството. Во 1946 година, неговиот психолог и психијатар заклучиле дека Ал Капоне има ментални способности како на дванаесет годишно дете. Се до смртта на 25 јануари 1947 година, Ал Капоне останал со својата жена и семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *