Битола

popara9 јуни, 20113min00
bitola_night

Битола се наоѓа во југозападниот дел на Македонија. Се вели дека , ако има турист, кој ја посетува Македонија и не дошол во Битола – не ја видел “цела“ Македонија. Градот е познат под името град на конзулите бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва во Република Македонија. Битола е трет по големина град во Македонија според бројот на жители, додека по површина е втор.Старите имиња на Битола се  Обител и Манастир.

Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир. Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.

Хераклеа

Хераклеа Линкестис (Heraclea Lyncestis) Во близина на градот Битола, во подножјето на Баба планина, се наоѓа антички град, што датира од средината на 4. век пред нашата ера – Хераклеа Линкестис (Heraclea Lyncestis). Основан од македонскиот крал Филип II Македонски, градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).

Градот бил граден, доградуван, рушен и одново граден и надградуван и уште од неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа хеленистичката епоха, римска, па се до рановизантиската епоха имал статус на град со висок степен на цивилизација. Во периодот на 2 век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско-политички центар (Septina Aurelia Heraclea) со свој постојан римски намесник и со своја римска војска.

Битола Бабам Битола – Стара Чаршија

Битола – градот на трговците, пијаната и конзулите- градот Битола. Најградскиот град како многумина што го нарекуваат, кон крајот на 19. век, благодарение на својата местоположба, прераснува главен стратегички, воен, административен, политички, трговски и културен центар на Европсиот дел на Османлиското царство. Како седиште на Битолскиот вилает, со своите седум пазари, Безистенот, со преку 1000 занаечии и 2000 дуќани, Битола преставува кључен центар за трговската размена на релацијата Виена – Стамбол. Богатите битолски еснафи и трговци изградиле велелепни објекти, кои со својот посебен староградски стил му даваат еден афтентичен и национален белег на Битола.

Ноќниот живот во Битола

Ноќниот живот во Битола можи да се мери со тој од големи градови и од западна европа. Има многу кафулиња и 3 ноќни клубови, кои се многу добро уредени. Расчекор како пример е познат локалитет, кој секој го знае низ цела Македонија.

Рестораните се исто така многубројни. Сите гости се добродојдени на домашни и интернацјонални спецјалитети. Како многу значаен настан во овој град се смета Фестивалот на браќата Манаки, првите сниматели на Балканот. 


Кафулиња во Битола:

Sator

Club Versailles

Café Intermezzo

Porta Jazz

Guster

Touch Caffe

Pajton

IN Cafe

Simbol

Morrision

Ноќни клубови во Битола:

Pozitiv

Davidoff

Rascekot

Ако сакате да се информирате за секој настан можете на следените тука или пак на фејсбук.

Пелистер – Национален парк

Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метар надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Република Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Според планинскиот врв Пелистер, е именуван и најстариот национален парк во Македонија кој го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.

Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древно (античко) македонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“.

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 m). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.

Со посебна природна привлечност се двете глацијални езера, Пелистерски Очи – Големото и Малото Езеро на Пелистер, исто познати како “Горски Очи”.

Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на НП Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата – автохтон вид на петоигличест бор со терциерна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри.

Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од ‘рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влечуги, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемична поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag